
Осман Дембеле е најголемиот проблем на Барселона во моментов, а клубот бара решение по секоја цена. Французинот бара многу повеќе пари отколку што му нуди Барса и е многу поблиску до заминување по истекот на договорот во јули. Агентот на Дембеле утре ќе се сретне со раководството и последен пат ќе се обиде да најде решение. Доколку останувањето не е возможно, тогаш Барса ќе се обиде да го трејдува.
Барса се сомнева дека Манчестер Јунајтед стои зад се и ќе понуди трампа за Дембеле. Барселона би се откажала од Дембеле шест месеци пред истекот на договорот, а за возврат Антони Марсијал би дошол на позајмица на „Камп Ноу“ до крајот на сезоната.
На тој начин Барса би ги решила сите проблеми околу финансискиот фер-плеј и би можела да ги регистрира новите засилувања, Феран Торес и потенцијално, Алваро Мората.
Во игра е само позајмица на Марсијал, се уште не се зборува за трансфер во Барселона, а договор може да се постигне само доколку Дембеле го каже последното „не“ на понудата на каталонците.
Јунајтед со раширени раце го чека Дембеле, самиот Ралф Рангник призна дека Марсијал може да замине, за разлика од Кавани, за кого Германецот рече дека нема да го напушти клубот.
Оваа размена нема да биде лесна, но е изводлива, играчите веројатно нема да направат проблем, бидејќи и Марсијал и Дембеле очигледно сакаат да ги напуштат своите тимови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал
