
Осман Дембеле е на чекор од заминување од Барселона. Каталонските медиуми пренесуваат дека преговорите меѓу Дембеле и клубот од „Камп Ноу“ за нов договор не се прекинати, но дека францускиот офанзивец во моментов е многу поблиску до заминување.
Дембеле, најскапиот фудбалер во историјата на Барселона, кого каталонците го доведоа во 2017 година од Борусија Дортмунд за 135 милиони евра, има договор до крајот на сезоната и може да започне преговори со други клубови на 1 јануари. Следното лето може да ја напушти Барселона без обештетување.
Французинот од Барселона бара 40 милиони евра бруто плата и уште 20 милиони за потпишување на нов договор.
„Дембеле е среќен во Барселона и би останал во клубот, но проблемот се неговите агенти. Тие ја изморија управата на клубот со нивните постојани промени во размислувањето. Односот помеѓу агентите и клубот никогаш не бил толку нарушен. Клубот подолг период крие дека последната средба беше голем чекор наназад во преговорите“, пишува каталонски „Спорт“.
Наводно, два англиски клуба се подготвени да му ги дадат на 24-годишниот Дембеле парите што ги бара. Во Барселона тој ги разочара навивачите за четири и пол години. Поради серија повреди одигра само 126 натпревари и постигна само 30 гола со 23 асистенции. Неговата вредност денес се проценува на 50 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
