Барселона без проблеми се пласираше во осминафиналето на Купот на Шпанија со убедлива победа од 0-4 на гостувањето кај нисколигашот Барбастро. Тренерот Ханси Флик му довери шанса на Војчех Шченсни на голот, кој успеа да ја сочува мрежата недопрена.
Ерик Гарсија го отвори резултатот за Барселона, а Роберт Левандовски постигна два гола, од кои еден во првото и еден во второто полувреме. Пабло Торе го комплетираше триумфот со четвртиот погодок.
Севилја доживеа шокантна елиминација по поразот од 4-1 на гостувањето кај Алмерија. Домаќините доминираа благодарение на хет-трикот на Луис Суарез и голот на Марези.
Во осминафиналето од Купот на Шпанија се пласираа и Осасуна и Бетис.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













