Connect with us

Барнли не го пријави Чурлинов за настап во Премиер-лигата

Англискиот премиерлигаш Барнли не го пријави македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов за настап во Премиер – лигата оваа сезона.

Менаџерот Винсен Компани го достави списокот на 25 играчи за настап во Премиерлигата, а на него го нема Македонецот кој до крајот на есенскиот дел нема да може да игра мечеви во шампионатот.

Чурлинов сѐ уште се опоравува од сепсата која ја доби на крајот на мај, поради која беше хоспитализиран во клиника во Белград.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови