Ливерпул по 68 натпревари на „Енфилд Роуд“ доживеа шокантен пораз од Барнли. Гостите славеа со 0-1, со голот од пенал на Ешли Барнс во 83.минута од натпреварот. Ливерпул сега е без победа пет кола и веќе заостанува шест бода зад Манчестер Јунајтед.
Тимот на Јирген Клоп е во неверојатна голгетерска криза, не успеа да постигне погодок ниту на овој натпревар. Имаа многу шанси фудбалерите на Ливерпул, пред крајот на првиот дел Дивок Ориги излезе сам пред протовничкиот голман Поуп, но ја погоди само гредата.
Во второто полувреме шанси имаа и Шаќири, Салах, Фирмино, но Поуп беше фантастичен, а напаѓачите на Ливерпул неснаодливи или недоволно прецизни. На крајот стигна и казната преку Ешли Барнс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













