Connect with us

Барнли го отпушти Шон Дајш по десет години соработка

Шон Дајш од денеска веќе не е менаџер на тимот на Барнли. Клубот се реши за крај на соработката која траеше цели десет години.

По 30 одиграни кола, Барнли се наоѓа на 18. позиција на табелата во Премиер – лигата што води во послаб ранг, а има четири бода помалку од Евертон кој е едно место погоре.


Иако остануваат уште осум натпревари за Барнли да се спаси, челниците на клубот утрово направија потег кој ги шокираше сите. Барнли по цели десет години соработка реши да го отпушти Дајш, што никој не го очекуваше во овој момент.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови