Connect with us

Барела потпиша нов договор со Интер, откако претходно го одбил Манчестер Сити

Интер постигна договор за обновување на договорот на еден од своите клучни играчи, пренесува „Газета дело спорт“. Станува збор за играчот од средниот ред Николо Барела, чиј договор до 2026 година ќе биде продолжен за уште три години.


Италијанскиот репрезентативец ќе добие и зголемување на годишната плата од 6 на 7 милиони евра преку лесно достапни бонуси. Веќе имаше две средби меѓу претседателот на клубот Стивен Жанг и агентот на играчот Алесандро Белтрами во Лисабон и во Ријад, а конечен договор е постигнат на третиот состанок во Мадрид.

Изданието открива и дека Манчестер Сити упатил понуда до „нероаѕурите“ за Барела во последната недела од минатиот летен преоден рок. Клубот го известил играчот за понудата, но тој одбил, сакајќи да остане на „Џузепе Меаца“.

Оваа сезона 27-годишниот играч за врска има 31 настап во сите натпреварувања со два гола и пет асистенции.

Во меѓувреме, „Газета“ пишува дека тренерот Симоне Инзаги исто така ќе добие нов договор доколку Интер ја освои титулата во Серија А оваа сезона. Има клаузула во неговиот договор која ќе биде активирана, а договорот ќе биде продолжен за нови 12 месеци – до 2026 година. Покрај тоа, стратегот може да добие и зголемување на неговата плата.

Во моментов, Интер е убедлив лидер на табелата во Серија А со 7 бода предност и натпревар помалку од главниот конкурент Јувентус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови