
Италија ја тресе обложувачки скандал во кој учествуваа неколку професионални фудбалери во оваа земја. Сѐ започна со фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли, кој доби седуммесечна суспензија од фудбалот. Заедно со него е откриено дека биле вмешани и Сандро Тонали и Николо Занило, а се шпекулира и за други играчи кои најверојатно биле вмешани во аферата.
Така, во контекст на аферата се појави и името на фудбалерот на Интер, Никола Барела, кој беше многу налутен од ваквите наводи и најави тужби. Затоа Барела го нападна весникот наречен „Ла Верита“, што во превод значи вистина.
На Инстаграм тој сподели статија во која неговото име се споменува во обложувачки
„Би очекувал малку поголема сериозност од весникот „Вистина”. Единствената вистина е дека вие сте кловнови! Предолго молчев и покрај сѐ што се пишува за мене овие денови. Никогаш не сум сакал коцкање или обложување. Единствените работи за кои сега се грижам се моите ќерки и семејството, кои морам да ги заштитам од ова срање. Затоа денеска ќе преземам правна постапка“, објави Барела.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
