Connect with us

Барди: Утре ќе бидеме многу подобри и ќе победиме

Македонија одигра добро во Тбилиси, но загуби. Капитенот Енис Барди вели дека сепак резултатот е најважен и верува дека сега и тој аспект ќе биде многу подобар против Бугарија во Скопје. Фудбалската репрезентација утревечер го игра последниот меч од Лигата на нации.


„Заслуживме мнгу повеќе според играта, но фудбалот се игра на резултат и не е добро кога ќе загубиш. Се надеваме дека утре ќе бидеме многу подобри и дека на крајот ќе освоиме три бода. Имаме нови фудбалери, тие имаат квалитет, даваат голови во клубовите, но треба да дојде моментот да се вклопиме добро и во националниот тим. Би сакал да им дадеме и малку повеќе трпение, и Мио и Мице се одлични напаѓачи. Мислам дека имам одлична генерација и ќе направиме големи работи. Нашата цел е јасна, тоа е Европското првенство во 2024 година“, изјави капитенот Енис Барди.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови