Македонскиот репрезентативец Енис Барди од утре ќе може да тренира индивидуално, затоа што му истекува десетдневната изолација. Тој денеска ќе прави ПЦР – тест и доколку биде негативен, веднаш ќе може да се вклучи со тимот. Но, и доколку тоа не се случи, ќе може да тренира индивидуално.
„Сите се надеваме на најдобро, Барди да се вклучи во работата со тимот. Но, и да не е така, самото излегување од изолација е добро за него, ќе може да почне со индивидуални тренинзи одвоен од останатите фудбалери. Ферхан Хасани има напукнување на нпсната коска и за него ќе биде најдобро да го прескокне утрешниот меч со Казахстан“, изјави селекторот Игор Ангеловски.
Стефан Спировски се чувствува добро и ќе биде дел од составот на утрешиот пријателски меч со Казахстан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













