
Македонија освои бод против европскиот првак Италија играјќи 1-1 на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Капитенот Енис Барди постигна прекрасен погодок во 81.минута, кога од слободен удар го совлада Џанлуиџи Донарума.
По натпреварот, имаше што да каже…
„Горд сум на овие момци. Ние сме мала земја, но меѓу нас има многу „лавови“. Сакам да се заблагодарам и на публиката, поддршката многу ни значи. Мислам дека беше тежок натпревар, нормално е тоа кога играш против една Италија. Сепак, ние имавме подобри шанси за гол. Исто така, морам да кажам дека сум горд што ја носам капитенската лента. Има и многу фудбалери кои ми помагаат во тоа да сум капитен“, изјави херојот Енис Барди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
