
Енис Барди ќе отсуствува петнаесетина дена од фудбалските терени по повредата што македонскиот репрезентативец ја заработил за време на вчерашниот тренинг на Леванте. Неговиот клуб денеска објави дека станува збор за истегнување на мускулот, отстранувајќи ги стравувањата дека мускулот на десната нога е скинат, што ќе значеше и уште подолга пауза за македонскиот интернационалец.
Сепак, оваа повреда значи дека Барди нема да може да настапи на тешкото гостување на „Камп ноу“ против Барселона на 2 февруари, како и на претходните средби со Севилја и со Осасуна.
Енис Барди сезонава настапи на 15 натпревари за Леванте, притоа постигнувајќи два погодоци. Тој влезе во игра во второто полувреме од саботниот дуел со Алавес, на кој Леванте неочекувано загуби на домашен терен со минимални 0-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
