МАКФУДБАЛ во Рим, Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) е пред нов голем предизвик. Повторно ќе игра против Италија, европскиот првак кого го „расплакавме“ откако ги уништивме нивните надежи за пласман на Мундијалот во Катар.
После сензацијата во Палермо, Македонија одигра 1-1 против Италијанците и во Скопје, а и претходно одигра реми (1-1) во Торино во претходен квалификациски циклус.
Ако некој знае како против „аѕурите“, тоа секако е Македонија.
Капитенот Енис Барди вели дека тој и соиграчите сторат сѐ за повторно да ги израдуваат македонските фанови.
„Можеби немаме шанси за пласман на ЕВРО 2024, но тоа не значи дека немаме мотиви да играме. Секогаш е чест да се игра со Македонија, а уште поголем е мотивот да се одигра нов квалитетен меч против Италија. Ова е голема сцена и секој фудбалер посакува да одигра најдобро што знае. Ние сме мирни, фокусирани и ќе сториме сѐ за да ги израдуваме повторно македонските навивачи. Знаеме дека нѐ очекува тежок натпревар со силен ривал, но и ние имаме верба во нашите квалитети“, посочува капитенот Енис Барди.
Стадионот „Олимпико“ е речиси распродаден, се очекуваат околу 55.000 навивачи, а повеќе од илјада ќе бидат и македонски фанови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)













