Енис Барди влегува во топ-форма во пресрет на клучните баражи од Лигата на Нации и обидот на нашата репрезентација за пласман на ЕВРО 2020. Тој игра извонредно во дресот на Леванте, собирајќи ги симпатиите на навивачите, но и на целокупната јавност иако досега на 19 средби има постигнато само скромни два погодоци.
„Секој сака да даде гол, но тоа не е моја опсесија. Се чувствувам одлично, играм во добра форма и се надевам дека ќе продолжам во ист ритам. Не само јас, туку целиот тим, бидејќи ако продолжиме со вакви игри, можеме да се вмешаме и во борбата за место во европските купови. Ги победивме Реал Мадрид и Барселона, нема зошто да не веруваме во такво нешто“, оптимистички е расположен Енис Барди.
Македонецот и неговите соиграчи можат да се пофалат со извонреден успех, откако во рок од само неколку месеци ги совладаа и Барселона и Реал Мадрид.
„Сите ме прашуваат исто прашање, какво е чувството да се победат и Барса и Реал. Горди сме бидејќи тоа се два тима од самиот светски врв, а ние успеавме да ги победиме во рок од само неколку месеци. Тоа е доказ дека можеме да го победиме буквално секој ривал. Не бев изненаден од коментарите од таборот на Реал, оној кој губи секогаш наоѓа изговор за поразот, така беше случајот и со фудбалерите од Мадрид. Факт е дека ние одигравме одличен натпревар и постигнавме прекрасен погодок, ВАР е овде за да им помогне на судиите“, изјави Барди.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski