Македонија имаше добитна позиција по триумфот над Германија во групата за пласман на Светското првенство, но со ремито во Исланд, а потоа и со Ерменија и со Романија во Скопје, пропуштена е голема шанса да се приближиме до уште едно големо натпреварување.
Баражот си отиде, ако е можно, сега треба во Ереван да го стигнеме. И не зависи само од нас, затоа што сега Романците се во пол – позиција, кога не ги победивме во Скопје.
Но, бадијала е сега да „плачеме“ за загубеното, Македонија треба да покаже квалитет и да триумфира утре против Ерменија. Фудбалерите го одржаа официјалниот тренинг во пресрет на утрешната квалификациска пресметка во Ереван.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski