Connect with us

Баражот Италија – Македонија може да се игра на неутрален терен

Бараж дуелот за пласман на Светското првнество во Катар меѓу Италија и Македонија би можел да биде одигран на наутрален терен. Причина за ова е воведениот „супер green pass“ кој го воведе италијанската влада како заштита од ширењето на Ковид-19 пишува „Ла Република“.

Во текстот се калкулира со информацијата дека поголемиот дел од македонските фудбалери биле вакцинирани со руската Спутник, која не е признаена во Европската Унија, а дел се невакцинирани.

Поради ова нема да можат да бидат исполнети строгите услови кои се пропишани во Италија. ФИФА била информирана за ситуацијата и во игра се две варијанти, дуелот да биде одигран на неутрален терен или да не може да настапат играчите кои не ги усполнуваат здравствените критериуми.

Натпреварот кој е закажан за 26. март треба да биде одгиран во Палермо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови