Connect with us

Балотели би одел и пешки до Италија за да игра во баражот за СП

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели, кој е член на турски Адана Демирспор, смета дека би бил од голма помош за националниот тим во баражот за Светското првенство во март. Тој потенцира дека би одел и пешки од Турција до Италија за да помогне „аѕурите“ да се пласираат на мундијалот.


Фудбалската репрезентација на Италија се мачи со постигнување голови, а Балотели нема играно во националниот тим од септември 2018 година.

„Чувствувам дека сум подготвен да се вратам во репрезентацијата. Тоа би било остварување на сонот за мене. Би одел и пешки од Турција ако знам дека ќе бидам дел од тимот на Италија за баражот во март“, вели Балотели.

Контроверзниот напаѓач оваа сезонава во Суперлигата има постигнато пет гола и две асистенции на 12 натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови