
Македонија утре игра важен квалификациски натпревар против Казахстан, на кој цели кон нов триумф и продолжување на позитивната серија во овој циклус. Селекторот на гостите, Талгат Бајсуфинов, сепак, потенцираше дека неговиот тим ќе даде сè од себе за добар резултат во Скопје, но призна дека Македонија е фаворит.
„Македонија е силна селекција и знаеме колку ѝ значи овој меч, но ние ќе се бориме за позитивен исход. Против Лихтенштајн имавме среќа и се надевам дека ќе имаме слична ситуација и утре. Првиот меч со Македонија покажа дека можеме да пропуштиме многу шанси, но сега реализацијата ни е подобрена. Ќе се обидеме да освоиме колку што можеме повеќе бодови до крајот на квалификациите, и тоа важи и за утрешниот натпревар“, изјави Бајсуфинов.
Во првиот меѓусебен дуел, Казахстан го предводеше Али Алиев, кој по поразот од Белгија со 6-0 си поднесе оставка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Владан Милојевиќ ќе седне на клупата на Србија?

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
