
Баерн Минхен не помина лесно, но на крајот сепак ја оправда фаворитската улога и дојде до три бода против Сент Паули, славејќи со 3-2 во натпревар од 27. коло во Бундес-лигата.
Екипата на Винсент Компани мораше да се помачи повеќе од очекуваното. По првото полувреме резултатот беше израмнет 1-1. Хари Кејн го отвори мечот за Баерн, но Сент Паули брзо возврати преку Елиас Саад.
Во вториот дел Баварците притиснаа силно и ја презедоа контролата. Лирој Сане беше херојот, постигна два гола и ги донесе трите бода за својот тим. Гостите само успеаја да го ублажат поразот преку Ларс Рицка, кој погоди длабоко во судиското надополнување.
Со оваа победа, Баерн повторно се одлепи на шест бода пред Баер Леверкузен.
Вердер Бремен лесно мина на гости кај Холштајн Кил славејќи со 0-3, а Борусија Менхенгладбах со минимални 1-0 го доби дуелот со Лајпциг. Хајденхајм изненади и славеше кај Волфсбург со 0-1, а Хофенхајм и Аугсбург ги поделија бодовите со реми 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal