
Баерн Минхен подготвува големи промени во тимот во летниот преоден рок, а според германските медиуми, Баварците решиле да продадат три големи ѕвезди. На трансфер листата се најдоа Садио Мане, Лирој Сане и Серж Гнабри.
Баерн зад себе има прилично скромна сезона. Со многу среќа Баварците го освоија шампионатот по драматичниот расплет во пшоследното коло, но во тимот не беше сѐ нормално и меѓучовечките односи беа многу лоши.
Германскиот шампион пред крајот на сезоната изненадувачки го смени тренерот. На местото на Џулијан Нагелсман дојде Томас Тухел, а по завршувањето на сезоната беа отпуштени и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ и директорот Оливер Кан.
Сега е време да се подготви тимот за следната сезона. Томас Тухел има одредени желби, а германски „Билд“ тврди дека баварскиот гигант на трансфер листата ставил три големи ѕвезди.
На продажба се Садио Мане, Лирој Сане и Серж Гнабри. Клубот ќе ги слушне понудите и има волја да прифати дел од нив.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови
