Баерн Минхен со повеќе мака од очекуваното го надмина Спортинг Лисабон, славејќи со 3-1 (0-0) во шесто коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Иако Баварците упатија дури тринаесет удари кон голот во првиот дел, резултатот остана непроменет бидејќи гостите успешно го неутрализираа нивниот притисок. Дополнителна нервоза донесе автоголот на Џошуа Кимих во 54. минута, но тоа само го разбуди тимот на Винсент Компани, кој од тој момент заигра поуверено и не дозволи непријатно изненадување на „Алијанц Арена“.
Прво Серж Гнабри израмни на 1-1, оставајќи ја гостинската одбрана без реакција, а веднаш потоа се истакна младиот Ленарт Карл. Со својот погодок за 2-1 не само што донесе пресврт, туку стана и најмладиот фудбалер во историјата кој постигнал гол на три последователни натпревари во ЛШ.
Коначните 3-1 ги постави Џонатан Тах во 77. минута, осигурувајќи го петтиот триумф за Баерн оваа сезона. Со оваа победа Баерн привремено се искачи на второто место, додека Спортинг останува на 10 поени и сè уште има солидни изгледи за пласман во плеј-офот.
Во првиот меч денеска, Каират загуби од Олимпијакос на домашен терен со 0-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Евро-фудбал
Баерн се мачеше, но го победи Спортинг (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора













