Connect with us

Баерн плаќа 50 милиони евра, Ким Мин-Јае доаѓа на „Алијанц арена“

Германскиот првак Баерн Минхен ја активираше откупната клаузула од 50 милиони евра за дефанзивецот на Наполи, Ким Мин-Јае, по што се очекува и брзо да го комплетира трансферот на Кореецот на „Алијанц арена“.


Тој веќе ги поминал медицинските прегледи и се очекува да стави потпис на повеќегодишна соработка.


Наполи се обиде да го задржи во Неапол, но не можеше да го спречи заминувањето.


Баерн Минхен излезе како победник во трката за дефанзивецот за Наполи за кого се интересираа и Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови