Германскиот првак Баерн Минхен го доживеа третиот пораз во Бундес-лигата оваа сезона. Проблемите со Ковид-19 го десеткуваат баварскиот тим, а тоа знаеше да го искористи Борусија Менхенгладбах која славеше со 1-2.
Роберт Левандовски погоди во 18.минута и сите помислија дека ќе биде тоа нов триумф за Баерн, но така не мислеа и гостите. Флоријан Нојхаус израмни само девет минути подоцна, а Стефан Лајмер во 31.минута се погрижи за пресврт.
Баерн Минхен и понатаму е сигурен на првото место на табелата со 43 бода, девет повеќе од Борусија Дортмунд.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













