Connect with us

Баерн не се шегува: Мајкл Олисе, Чави Симонс и Хакан Чалханоглу доаѓаат во Минхен?

Германскиот гигант Баерн Минхен е најактивен на почетокот на преодниот рок и за време на Европското првенство.

Според најновите информации, првата „бомба“ на Баерн ова лето е крилниот напаѓач на Кристал Палас, Мајкл Олисе. За него покажаа интерес Челси и Манчестер Јунајтед, но на крајот го избра Баерн Минхен поради настапите во Лигата на шампионите.

Сигурни извори тврдат дека Олисе ги договорил сите лични услови околу платата и должината на договорот, и дека останува Кристал Палас да го прифати обештетувањето кое ќе биде над 70 милиони евра. Инаку, Олисе е роден во Лондон, но има француско потекло, и досега настапуваше за младата репрезентација, но не доби повик од Дидие Дешан за Европското првенство. Конкуренцијата на неговата позиција е огромна, но Олисе има само 22 години и најдоброто допрва следи.

Баерн започна офанзива и за потписот на Чави Симонс од Пари Сен Жермен. По одличната сезона на позајмица во Лајпциг, тој е интересен за големите европски клубови.

Пристигнувањето на Симонс и Олисе секако би било големо освежување за Баерн Минхен, но и знак дека некој од офанзивната линија ќе мора да замине. Се верува дека тоа би можел да биде Серж Гнабри, но не е невозможно и Баерн да прифати адекватна понуда и за Лирој Сане.

Севкупно, Баерн ќе мора да плати околу 150 милиони евра за првите две желби и тоа е само почеток, бидејќи веќе пристигна стоперот на Штутгарт, Хироки Ито, за кого Баварците платија отштета од 25 милиони евра.

Како трета „бомба“ се најавува Хакан Чалханоглу, играчот од средниот ред на италијанскиот шампион Интер и турски репрезентативец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови