
Германскиот шампион Баерн Минхен започна преговори со агентите на својот фудбалер Алфонсо Дејвис за обновување на договорот. Ова го призна спортскиот директор на Баварците, Кростофер Фројнд, кој изјави дека клубот сака да го задржи канадскиот репрезентативец.
Тој веќе се сретнал со агентот на играчот, Недал Хуосех.
„Веќе разговарав со агентот на Фонзи. Реал Мадрид во моментов не ме интересира. Разговарав со претставникот на играчот за нашите генерални планови во Баерн“, изјави директорот на клубот за „Спорт Билд“.
Реал Мадрид веќе планира да го ангажира Алфонсо Дејвис следното лето за да ја засили левата странична позиција. Во Германија веруваат дека 23-годишниот фудбалер сака да се пресели во Реал Мадрид, но Баерн прави сѐ за да го разубеди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
