
Германскиот гигант Баерн Минхен се најде во неочекувани проблеми да пронајде наследник на Томас Тухел за тренерската позиција на тимот следната сезона. Неколку посакувани имиња го одбија Баерн, пред сѐ Чаби Алонсо, Џулијан Нагелсман, Ралф Рангник, Ханси Флик, па на крајот и Тухел, кој иако се премисли и преговараше за останување, не успеа да се договори со раководството.
Сега Баерн и нема многу опции, па челниците на клубот се решени да го доведат Роберто де Зерби, италијанскиот стратег кој е на кормилото на англискиот премиерлигаш Брајтон. За него ќе треба да се плати отштета од околу 12 милиони евра, но Баерн е во „небрано“ и ќе тргне со сите сили по потписот на Де Зерби.
Тој важи за млад стручњак кој сака да негува офанзивен фудбал и со таа идеја потполно се вклопува во замислите на раководството на Баерн Минхен. Германскиот гигант оваа сезона остана без ниту еден трофеј и по повеќе од една деценија ја загуби доминацијата во Бундес-лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
