Connect with us

Баерн Минхен си најде напаѓач во Премиер – лигата

Фудбалерите на Баерн Минхен оваа сезона не играат убедливо и мака мачат да го освојат германското првенство. Tие го сменија Џулијан Нагелсман и го назначија Томас Тухел.
Испаднаа од Лигата на шампионите од Манчестер Сити и се уште немаат класичен напаѓач како Роберт Левандовски.


Како што пренесуваат медиумите во Англија, Баварците се заинтересирани да го доведат англискиот напаѓач и играч на Астон Вила, Оли Воткинс.

Клубот од Бирмингем оваа сезона се бори за место во Европа. Воткинс постигна 15 гола со шест асистенции на 35 натпревари за Астон Вила.

Претходно, тој играше за Ексетер и Брентфорд, а неговата трансферна вредност сега е 32 милиони евра. Воткинс е под договор со Вила до летото 2025 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови