
Дани Олмо е голема желба на Барселона. Каталонскиот гигант сака да го врати на „Камп Ноу“ десет години откако ја напушти академијата „Ла Масија“ за да замине во Динамо Загреб. Сепак, уште еден голем клуб се впушти во трката за него. Тоа е Баерн Минхен.
„Баерн го додаде Дани Олмо на списокот на играчи кои сакаат да ги купат ова лето. Спортскиот директор Макс Еберл добро го познава Олмо од минатата сезона, кога ја имаше истата позиција во Лајпциг. Баерн сериозно влезе во трка со Барселона и со два клуба од Премиер – лигата за шпанскиот репрезентативец. Откупната клаузула на Дани Олмо ова лето изнесува 60 милиони евра“, информира „Билд“,
Покрај Барселона и Баерн, „Марка“ открива дека Ливерпул и Манчестер Јунајтед се двата споменати англиски клуба. Тие имаат време само до 15 јули да го купат Олмо по повластена цена, ако ја активираат клаузулата вредна 60 милиони евра. Потоа, се разбира, за обештетувањето ќе одлучува Лајпциг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по Луис Дијаз од Ливерпул

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан
