
Германскиот првак Баерн Минхен ја следи ситуацијата околу норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.
„Зборуваме за врвен напаѓач кој е баран од целиот свет. Секако дека размислуваме и за него. Ќе бевме целосни аматери ако не гледаме така на работите”, изјави спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.
Халанд следното лето ќе чини 70 милиони евра, бидејќи тогаш ќе се активира клаузулата во која се вели дека може да го напушти клубот за таа сума. Челси сака да го доведе ова лето бидејќи следната година сигурно ќе има повеќе клубови во играта. Но, се чини дека сега лондонскиот клуб ќе се задоволи со ангажманот на Ромелу Лукаку.
Сега во игра се појави и Баерн Минхен, а во редот чекаат и Реал Мадрид, Манчестер Сити, Јувентус и Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
