Долги години Един Џеко беше синоним за фудбалот во Босна и Херцеговина. Најдобриот напаѓач што оваа земја го имала во историјата е на залезот на својата блескава кариера, но Босанците не мора да се грижат за иднината, барем кога е во прашање оваа позиција.
Ермедин Демировиќ има сезона од соништата во германската Бундес -лига. Момчето родено 1998 година се наметна како еден од најдобрите напаѓачи во германскиот фудбал, а неговиот квалитет не е само постигнување голови, што го прави особено интересен за големите клубови.
Демировиќ е убедливо најдобриот играч на седмопласираниот Аугсбург, кој е во одлична серија од четири последовни победи. Босанецот досега во Бундес – лигата постигна 14 гола и запиша осум асистенции.
Тој е четврти стрелец во првенството и шести по асистенции, а подобар ефект од Демировиќ има само неприкосновениот напаѓач на Баерн, Хари Кејн, со 31 гол и седум асистенции.
Овие двајца би можеле да станат тандем во редовите на Баварците од следната сезона.
Баерн Минхен е сериозно заинтересиран за 25-годишниот Демировиќ и подготвува трансфер понуда која ќе ја испрати до Аугсбург по крајот на сезоната.
Наводно, Аугсбург нема да се согласи на помалку од 20.000.000 евра, особено што Демировиќ има уште две години од договорот со овој клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal