Баерн Минхен размислува за трансфер на напаѓачот на Вердер, Никлас Фулкруг. 29-годишниот голгетер ги задржа шансите на Германија на Светското првенство во 2022 година, постигнувајќи гол против Шпанија во ремито 1-1.
Фулкруг има извонредна сезона за тимот од Бремен, со 10 гола на 14 натпревари во Бундес – лигата досега. Тоа му донесе и место во селекцијата на Германија на СП во Катар, а неговото официјално деби беше во поразот од Јапонија со 2-1.
Раководните луѓе на Баерн бараат нов напаѓач на „Алијанц арена“ по разделбата со Роберт Левандовски минатото лето, а договорот на Ерик Максим Чупо-Мотинг истекува на крајот од сезоната. Во моментов се водат преговори со Камерунецот за нов договор, но Баварците се подготвени да му понудат само едногодишен договор, што особено не му се допаѓа на напаѓачот.
Цената на Фулкруг е околу 10 милиони евра, а бидејќи на Вердер му требаат пари, трансферот лесно би можел да се реализира.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













