Connect with us

Баерн Минхен сака да го купи „моторот“ на Порто

Скаутите на Баерн Минхен во живо го следеа дефанзивниот играч за врска на Порто, Алан Варела, на натпреварот против Гимараеш минатиот викенд, пренесува „О’ Жого“. 22-годишниот Аргентинец беше еден од најдобрите и најконстантните играчи на „змејовите“ оваа сезона и се очекува да биде продаден на лето.


Ослободната клаузула на играчот од средниот ред е 70 милиони евра.

Покрај Баерн Минхен, за него се интересираат и Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челси и Атлетико Мадрид.

Тој е дел од Порто од минатото лето кога беше купен од Бока Јуниорс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови