
Украинскиот голман на Реал Мадрид, Андриј Лунин, по завршувањето на сезоната би можел да му се приклучи на тимот на Баерн Минхен, пренесува „Дефенса Централ“. Според изворот, ваквиот трансфер би бил врзан со желбата на раководството на Баварците да направи комплетна промена откако актуелниот тренер Томас Тухел ќе си замине на лето од функцијата.
Ваквото освежување на голманската позиција ќе биде добредојдено за тимот од Минхен поради тешката повреда на 38-годишниот Мануел Нојер, која ги принудува да бараат негова замена. 25-годишниот Украинец се смета за соодветна опција.
Баварците сакаат да потпишат нов голман пред летото 2025 година, кога истекува договорот на Лунин со Реал Мадрид. За да го спречат Украинецот да си замине од тимот како слободен играч, „кралевите“ веќе се обидуваат да го продолжат договорот со него, бидејќи за него интерес има не само од Баерн, туку и неколку други европски гиганти.
Оваа сезона Лунин на 11 натпревари ја сочува мрежата, а на преостанатите 14 натпревари дозволи 22 гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
