Ханси Флик после натпреварот против Волфсбург објави дека на крајот на сезоната ќе замине од Баерн Минхен. Тој не ја откри причината за заминувањето, но јасно е дека е главен фаворит за да го наследи Јоаким Лев на селекторската позиција во германската репрезентација.
„Ќе го прекинам мојот договор ова лето. За мене беше важно тимот да дознае, управата на клубот ја информирав уште по елиминацијата од ПСЖ“, изјави Флик.
Сепак, Баерн Минхен нема така лесно да се откаже од тренерот.
„Баерн не е согласен со едностраното толкување на Ханси Флик и ќе разговараме со него по натпреварот против Мајнц, како што и првично беше договорено“, се вели во реакцијата на Баерн Минхен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













