Баерн Минхен за сума од 300.000 евра го донесе 13-годишниот Мајк Виздом од Борусија Менхенгладбах. Станува збор за талентиран напаѓач кој ќе се приклучи на У-15 тимот на германскиот шампион. Тој се смета за еден од најголемите таленти на неговата генерација во Германија и пошироко.
Виздом ќе добие и бесплатно образование од Баерн. Најголем дел од споменатите 300.000 евра ќе отидат кај неговите родители, а Борусија М. ќе добие 20.000 евра обештетување. Мајк, според правилата, ќе добива 400 евра месечно, а откако ќе наполни 16 години платата може значително да му се зголеми.
Мајк Виздом е по потекло од Африка. Покрај за Германија, може да игра и за Гана и за Нигерија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal