
Баерн Минхен сѐ уште води жестока битка за трансферот на Хари Кејн, но во меѓувреме баварскиот клуб ќе се обиде да се засили и на голманската позиција.
За таа цел германскиот првак го има зацртано трансферот на голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, истакнува „Мундо Депортиво“. Но, и таму нема да им биде лесно на Томас Тухел и на раководството на клубот бидејќи се претпоставува дека „јорганџиите“ ќе ги бараат 120 милиони евра отштета.
Облак има договор со Атлетико Мадрид до 2028 година. Тој од 2014 година се префрли од тимот на Бенфика и ја освои титулата во Ла Лига, а со Атлетико Мадрид играше и во финалето на Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
