
Баерн Минхен и Фулам се пред договор за дефанзивниот играч за врска Жоао Палиња. Тој треба во наредните неколку дена да ја реализира преселбата на „Алијанц Арена“, пренесува „Скај Германија“.
Сумата на трансферот ќе биде околу 45 милиони евра.
Палиња веќе договори петгодишен договор со Баварците и побара од клубот дозвола да прејде во Баерн.
Португалецот и минатото лето беше на прагот на трансфер во минхенскиот клуб, но во последен момент пропадна сѐ. Фудбалерот од средниот ред потоа забележа 39 настапи со четири гола и една асистенција во сите натпреварувања за тимот на Фулам во неодамна завршената сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
