
Баерн Минхен покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач Џејми Биноа-Гитенс од ривалот во германската Бундес-лига, Борусија Дортмунд, јавува „Скај Германија“. Дваесетгодишниот Англичанец има договор со клубот до летото 2028 година, но тој е на радарот на неколку големи клубови и надвор од Германија.
Според информациите, тренерот на Баерн, Венсан Компани, и спортскиот директор, Макс Еберл, го имаат Биноа-Гитенс високо на листата на приоритети за следните два трансфер-периоди. Покрај него, Баерн е заинтересиран и за Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, кој сè уште нема потпишано нов договор со својот клуб.
Лирој Сане, најверојатно, ќе го напушти Баерн како слободен играч следното лето, што го зголемува интересот на баварците за крилен играч. Дополнително, според „Скај Германија“, новото тренерско раководство не гледа иднина во клубот за Кингсли Коман и за Серж Гнабри.
Иако Баерн сè уште нема официјално контактирано со Борусија Дортмунд за трансфер на Биноа-Гитенс, играчот бил информиран за интересот од Минхен. Дваесетгодишниот англиски репрезентативец има импресивен старт на новата сезона со девет голови и четири асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
