Португалецот Жоао Палиња денеска официјално беше претставен како играч на Баерн Минхен. Баварците платија за него 51 милиони евра на Фулам и конечно успеаја да го доведат фудбалерот, откако неговиот трансфер пред една година пропадна во последен момент.
„Моите први импресии се навистина многу добри. Многу уживам во сè, разгледав малку околу и се запознав со моите нови соиграчи. Со нетрпение очекувам да го облечам дресот на Баерн. Не мислев дека тие ќе се вратат по мене кога сè пропадна минатата година. Тоа беше големо разочарување за мене и моето семејство. Знаев дека треба да продолжам да го правам она што го правев во текот на целата моја кариера и сега сум многу горд што ја добивам оваа можност. Ова е голем момент за мене и уживам во првите неколку дена. Сакам да му се заблагодарам на Томас Тухел, кој прв ме посака, разговарав и со новиот тренер Венсан Компани. Сакам да му се заблагодарам и на Макс Еберл. Горд сум што двајца врвни тренери сакаа да ме земат,“ истакна Палиња.
João Palhinha in his new home 🏟️🔴⚪ pic.twitter.com/g6UD0Dz3aK
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) July 30, 2024
Потоа тој одговори на прашања во врска со градот и неговите нови соиграчи.
„Имав можност да разговарам со Жоао Кансело и Ренато Санчез, кои играа тука пред неколку години. И двајцата ми рекоа дека Минхен е градот во кој најмногу им се допаѓало да живеат. Тоа беше многу важно за мене да го слушнам. И мои пријатели исто така ми рекоа дека е незаборавно. Јас сум подготвен за игра, само треба да го спакувам багажот и да се качам на авионот за Јужна Кореја. Веќе ги направив физичките тестови во првите два дена, утре за првпат ќе тренирам со тимот и потоа летаме за Сеул. Кога зборуваш за играчи како Кимих, Горецка, Лајмер – секој од нив игра на мојата позиција. Конкуренцијата е жестока, а тоа што сум во еден тим со овие играчи ме прави многу горд. Се сеќавам дека првпат играв против Кимих кога имав 19 години и уште тогаш беше јасно дека тој е врвна класа. Но тука има многу фудбалери на највисоко ниво“, заврши Палиња.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski