Connect with us

Баерн Минхен го претстави големото засилување: Де Лихт потпиша до 2027 година (ФОТО)

Холандскиот дефанзивец Матијс де Лихт е ново засилување за германскиот шампион Баерн Минхен. Тој го комплетираше трансферот од Јувентус откако денеска ги мина лекарските прегледи.


Договорот меѓу Де Лихт и Баерн Минхен е потпишан до 2027 година. Јувентус ќе добие фиксни 67 милиони евра, плус десет милиони евра во дополнителни бонуси.


22-годишниот одбранбен фудбалер претходно од Ајакс дојде во Јувентус во 2019 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови