Европскиот првак Баерн Минхен ја придодаде и светската клупска титула откако во финалето во Катар го совлада Тигрес со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше францускиот интернационалец Бенјамин Павар во 59.минута од дуелот. Мораше да биде прегледана и ВАР снимката за да се утврди регуларноста на погодокот, но голот беше признат.
Ханси Флик остана без Томас Милер поради позитивен тест на коронавирус, но, сепак располага со квалитетен тим кој успеа да се закити со нов трофеј. Тоа е шести трофеј за Баерн Минхен за период од една година.
Третото место на Светското клупско првенство во Катар го освои Ал Ахли откако по изведување пенали (3-2) беше подобар од Палмеирас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













