Баерн Минхен постигна договор со Баер Леверкузен за трансферот на Џонатан Тах, информира “Кикер”. Баварците ќе платат 25 милиони евра, плус уште пет милиони во форма на бонуси, за 28-годишниот германски репрезентативец.
Тах двапати ги одби понудите на „фармацевтите“ за нов договор и се согласи да премине на „Алијанц Арена“. Баерн успеа да направи пробив во преговорите со германскиот шампион со третата понуда.
Баварците ќе ја финализираат зделката за Тах откако ќе го продадат Матијс де Лихт на Манчестер Јунајтед. Се очекува двете зделки да бидат затворени до крајот на оваа недела.
Џонатан Тах е дел од Баер Леверкузен од 2015 година. Тој има 353 натпревари за тимот, на кои постигна 15 гола. Неговиот договор со германскиот шампион истекува на крајот од сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













