Манчестер Јунајтед доживеа елиминација во Лигата на шампионите, но Оле Гунар Солскјер и раководството на клунот се надевааат дека оваа сезона „црвените ѓаволи“ можат сериозно да се вклучат во трката за шампионската титула. За таа цел потребни се и засилувања, а Јунајтед му фрли око на Кингсли Коман, крилниот напаѓач на Баерн Минхен.
Сепа, европскиот првак веднаш возврати дека Коман не е на продажба. Човекот на одлука во финалето на ЛШ ќе остане на „Алијанц арена“ најмалку до крајот на сезоната, а тренерот Ханси Флик на него смета сериозно, во трио со Серж Гнабри и со Лирој Сане.
Коман, кој има само 24 години, е еден од фудбалерите со најмногу шампионски титули освоени во кариерата. Ги има во три првенства, со ПСЖ во Франција, со Јувентус во Италија и со Баерн Минхен во Германија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













