Баерн Минхен сè поактивно ја разгледува опцијата да го ангажира офанзивецот на Реал Мадрид, Родриго Гоеш. Според шпанскиот новинар Едуардо Инда од „Ел Чирингито“, германскиот шампион веќе работи на подготвување официјална понуда за бразилскиот репрезентативец.
Покрај Баерн, интерес за Родриго покажуваат и неколку англиски гиганти – Арсенал, Челзи и Манчестер Сити. Наводно, Челзи веќе стапиле во контакт со агентот на фудбалерот, но засега не доставиле формална понуда до Реал Мадрид.
Реал нема намера да го продаде Родриго за помалку од 80 милиони евра – сума што ја сметаат како минимум за евентуален трансфер. Причината поради која самиот играч размислува за заминување е неговата незадоволителна минутажа и статусот на втор избор под водство на Карло Анчелоти.
Во изминатата сезона, Родриго забележа 54 настапи во дресот на „кралевите“ во сите натпреварувања, при што постигна 14 погодоци и додаде 11 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













