Баерн Минхен ја прекина лошата низа од четири меча без победа во Бундес-лигата и по репрезентативната пауза славеше против Баер Леверкузен со 4-0 на „Алијанц арена“. Тренерот Џулијан Нагелсман и фудбалерите беа под голем притисок да остварат триумф на овој меч и успеја да го издржат.
Максимално мотивирани, баварските фудбалери дојдоа во водство со голот на Лирој Сане уште во третата минута, а потоа Џамал Мусијала зголеми на 2-0 во 17.минута. Тој забележа и втора асистенција за голот на Садио Мане во 39.минута, а конечниот епилог го постави Томас Милер во второто полувреме, по големата грешка на гостинскиот голман Храдецки.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













