Connect with us

Баерн има седум желби за ова лето со вкупна вредност од 320 милиони евра

Во тековната сезона, за првпат по 12 години, Баерн Минхен остана без ниту еден трофеј. Во Бундес – лигата се на второто место зад новиот шампион Баер Леверкузен, кој стави крај на 11-годишната доминација на минхенскиот клуб во германскиот шампионат. Во осминафиналето на Купот на Германија шокантно беше елиминиран од третолигашот Сарбрикен, додека Реал Мадрид го исфрли во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Челниците на клубот од Минхен преговараат за останување на Томас Тухел, кој требаше да си замине на крајот од сезоната, но стана опција по низата тренери како Чаби Алонсо, Џулијан Нагелсман и Ралф Рангник го одби Баерн Минхен.

Баерн Минхен затоа ќе се обиде што побрзо да ја заборави оваа сезона и да се врати на освојувањето трофеи следната сезона. За да успее во ова, „Билд“ пишува дека германскиот гигант составил „таен список на засилувања“, на кој се наоѓаат седум играчи кои со задоволство би ги довел.

Интересно е дека вкупната вредност на новите засилувања надминува 320 милиони евра.

Седумте желби на Баерн Минхен
Џонатан Тах (28), Баер Леверкузен, 30 милиони евра
Тео Хернандез (26), Милан, 60 милиони евра
Френки де Јонг (27), Барселона, 70 милиони евра
Асан Уедраого (18), Шалке, 8 милиони евра
Амаду Онана (22), Евертон, 50 милиони евра
Крис Фурих (26), Штутгарт, 25 милиони евра
Чави Симонс (21), ПСЖ, 80 милиони евра

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови