Голманот на Милан, Мајк Мањан, е на радарот на Баерн Минхен. Францускиот репрезентативец би можел да го замени Мануел Нојер доколку реши да се пензионира во 2025 година, кога му истекува договорот.
Шефовите на Баерн се задоволни од одлуката на Нојер да го продолжи договорот, но во исто време сакаат да бидат подготвени за негово евентуално повлекување.
Мањан е еден од голманите на списокот на германскиот гигант, тврдат медиумите од оваа земја.
28-годишниот Мањан е младински играч на Пари Сен Жермен, но нема натпревари за првиот тим на тимот. Милан го ангажираше од Лил во 2021 година.
Во тековната сезона Мањан има 10 натпревари во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













