Connect with us

Баерн го доби дербито против Борусија Дортмунд и останува перфектен (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен ја победија Борусија Дортмунд во Минхен со 2-1 во дербито на седмото коло од Бундес-лигата.

Со оваа победа Баерн остана со максимален ефект (21 бод) и забележа седма победа, додека Борусија Дортмунд, по овој меч, има ефект од четири победи, две ремија и еден пораз, со вкупно 14 бода.

Првиот гол беше постигнат во 22. минута. Кимих центрираше од корнер, а најдобар во скокот беше Хари Кејн, кој со глава ја испрати топката под гредата. По само седум натпревари, Кејн постигна 12 голови и стана првиот играч во германското првенство на кој му успеало тоа.

Овој резултат остана непроменет до паузата. Во второто полувреме Борусија Дортмунд имаше поголема доминација, но недостасуваше прецизност.

Адејеми имаше големо промашување во 65. минута кога Гираси му ја додаде топката во шеснаесетникот, но му се лизна ногата и ударот не беше добар. На другата страна, Олисе доби додавање од Кејн и напредуваше по десната страна, но неговиот обид беше блокиран.

Сепак, Олисе се поправи во 79. минута, постигнувајќи го вториот гол за домаќините. Дијаз ја испрати топката кон голот, а Џоб Белингем не успеа да излезе на крај со неа, па Олисе од втор план со лизгачки удар ја испрати топката во мрежата.

Во 84. минута, Џулијан Брант постигна гол за Борусија Дортмунд. То ја погоди мрежата по центаршут од десната страна откако го заобиколи дефанзивецот на Баерн.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови