Connect with us

Баерн го брани Упамекано од расистички напади

Германскиот првак Баерн Минхен ги осуди расистичките коментари упатени кон дефанзивецот Дајот Упамекано на социјалните мрежи по неговиот црвен картон што го доби во поразот (1-0) од Лацио во Лигата на шампионите.


Бројни расистички коментари беа оставени на Инстаграм профилот на францускиот дефанзивец по вчерашниот пораз во првиот осминафинален натпревар од елитното европско клупско натпреварување.

Упамекано доби црвен картон и беше виновен за пеналот по кој Лацио стигна до победата.

„Баерн остро ги осудува расистичките коментари упатени кон Упамекано на социјалните мрежи. Секој кој испраќа такви зборови со омраза не е навивач на нашиот клуб. Сите сме со тебе, Упа”, објави Баерн на социјалната мрежа „Х“.

Упамекано и минатата година беше цел на расистички коментари на социјалните мрежи, откако Баерн загуби од Манчестер Сити во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови