
Германскиот првак Баер Леверкузен не загуби и во 49. последовен натпревар, чудесно избегна пораз и одигра 2-2 на домашен терен против Рома, пласирајќи се во финалето на Лигата на Европа, Тоа е прво европско финале за „фармацевтите“ по 2001 година, кога загубија од Реал Мадрид во ЛШ.
Во финалето во Даблин, Баер Леверкузен ќе ги одмери силите со Аталанта која вечерва во Бергамо го совлада Олимпик Марсеј со 3-0.
Рома беше на прагот на чудо, со двата пенали на Леандро Паредес имаше 0-2 во Леверкузен и можност да се бори за продолженија. Но, потоа Манчини си даде несреќен автогол во 82.минута, а Станишиќ во 97.минута успеа да израмни на 2-2.
Раде Свилар беше неверојатен на голот на Рома, имаше 11 одбрани и практично тој долго време ја одржуваше својата екипа во живот.
Аталанта го победи Олимпик Марсеј со 3-0. Првиот меч во Франција заврши 1-1.
Лукман го отвори резултатот, Руџери зголеми на 2-0, а Ел Билал Туре во судиското продолжение го потврди триумфот и пласманот во финалето на Лига Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
